ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Засега е неформална јавна група на социјалните мрежи. Во неа членуваат сите профили на инженери кои со конструктивна дебата сакаат да дадат придонес во развојот на техничко-технолошката состојба во Република Македонија. Во групата членуваат и лица кои не се инженери или кои не се од Македонија, но имаат идеи и размислувања со кои сакаат да влијаат на унапредувањето на енергетската независност и техничко-технолошкиот напредок на состојбите во Македонија.
Тематски содржини за дискусија во групата се искуствата од минатото, актуелните состојби и предвидувањата за иднината во енергетиката и во сите други инженерски дисциплини не само во Македонија туку и во светот; дискусии за проблеми, инвестиции, проекти, законски и подзаконски предлози, цени на енергенсите, како и за содржини поврзани со светските достигнувања на научните истражувања во сите инженерски дисциплини.
“Engineers like to solve problems. If there are no problems handily available, they will create their own problems.”
(Инженерите сакаат да решаваат проблеми, но ако нема проблеми на располагање, тие самите ќе ги создадат)