Започна изградбата на 110 kV далекувод ТС Битола1-ТС Прилеп 1
110kV далекувод ТС Битола 1 - ТС Прилеп 1 е со должина од 33, 7 км. Инвестицијата е со вредност од 3.5 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР.
МЕПСО А.Д.
МЕПСО А.Д.
10/20/20231 мин читање
Започна изградбата на 110 kV далекувод ТС Битола1-ТС Прилеп 1
Временските услови одат во прилог на изградбата на далекуводот кој ги поврзува трансформаторските станици Битола 1 и Прилеп 1. На терен веќе се вршат градежни работи, ископ, бетонирање и заземјување како подготовка за монтажа на новите челично-решеткасти столбови кои ќе бидат замена за 125 бетонски столбови од далекуводот кој бил изграден далечната 1960 г.
Рехабилитацијата на овој капитален инфраструктурен проект ќе обезбеди стабилност и доверливост во снабдувањето со електрична енергија на жителите и стопанството од пелагонискиот регион но ќе даде и можност за приклучување на нови корисници на преносната мрежа и интеграција на нови обновливи извори на енергија.
110kV далекувод ТС Битола 1 - ТС Прилеп 1 е со должина од 33, 7 км. Инвестицијата е со вредност од 3.5 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР.
Изведувач на работите е Конзорциум на Далековод, Загреб и ЕЛНОС, Бања Лука, а надзорот на градбата ќе го врши домашната компанија Столб од Битола.